Digital Collection picture

Google Earth

Карактеристики

Google Earth е виртуелна глобус-апликација која им овозможува на корисниците да истражуваат географски локации со тридимензионален приказ.
Нуди карактеристики како сателитски приказ, уличен приказ, историски приказ и интерактивни тури. Корисниците можат да ги разгледуваат пејзажите, да истражуваат градови и да учат за различни места низ светот, што ја прави оваа алатка моќен ресурс за географско образование и истражување.

Употреба

Користење во настава, како симулатор за географија и истражување.

Опис за употреба на час

Се користи директно од учениците, под надзор на наставникот. Учениците преку компјутери или таблети можат да ја истражуваат планетата Земја во реално време.

Возраст

Соодветна за сите возрасни групи во основно и средно образование (K-12).

Резултати од учењето

Користењето на Google Earth може да им помогне на учениците подобро да ја разберат планетата Земја, нејзината форма, односот меѓу вода и копно, релативната големина на континентите и други географски концепти. Дополнително, учениците можат да користат “зумирање” за да истражат специфични географски области и да го развиваат својот просторен поглед.

Оценки / Препораки

Една препорака за користење на Google Earth во училницата со деца е да се креираат виртуелни екскурзии. Изберете локации поврзани со наставната програма – како познати знаменитости, екосистеми или историски места.
Насочете ги учениците да ги истражуваат овие места со помош на интерактивните опции како училишен приказ и историски снимки. Оваа имерзивна активност го збогатува разбирањето за географија, култура и историја, правејќи го учењето повпечатливо и мотивирачко.

Пример за алатката како добра практика

Google Earth може да се користи од наставникот по географија за воведување на учениците во природните и географските елементи на Земјата гледани од вселената, како и за споредување на нивните големини.
Наставникот може да побара од учениците, додека се во училница и користат компјутери или таблети, да ја отворат Google Earth преку интернет-прелистувач и да го истражат интерфејсот со зумирање. Дополнително, може да ги замоли да ја најдат својата населба или сопствената куќа, за да разберат колку сме “мали” во споредба со големината на планетата.
Како дополнителна активност наставникот може да им зададе задача да ги најдат и да направат слика (принт-скрин) од следново:
• Највисокиот планински врв во светот
• Најдолгата река
• Најголемата пустина
• Најголемото езеро
• Најголемиот океан

Kако оваа добра практика е инклузивна практика

Користењето на дигитални алатки од страна на секој ученик, според сопствено темпо, овозможува поголема инклузивност.
Оваа алатка е соодветна и за глуви ученици, бидејќи информацијата е визуелна, интерактивна и не зависи од аудитивна комуникација.