Goidodle
Карактеристики
GoNoodle е платформа дизајнирана да ги поттикне децата на движење преку забавни и интерактивни видеа. Таа содржи активности како танц, истегнување и вежби за свесност и смирување. GoNoodle нуди содржина што ја поттикнува физичката активност и менталните паузи, поддржувајќи ја наставата и концентрацијата кај учениците. Платформата вклучува различни категории на видеа и интегрира едукативни теми, што ја прави погодна за внесување движење во дневната рутина на наставата.
Употреба
GoNoodle е веб-страница каде што наставниците можат да користат видеа и други активности за да ги поттикнат децата на движење. Тоа е алатка фокусирана на знаење, која им овозможува на децата да постават рутини, да истражуваат празнични теми и да учествуваат во разни активности.
Исто така, има многу различни теми за децата да се вклучат, како што се храна и готвење, свесност и медитација, активности во природа и животна средина.
GoNoodle исто така нуди работни листови и блог-статии. Достапна е и едукативна содржина: по наставен план, според одделение и за развој на сензорно-моторни вештини.
Оваа алатка им овозможува на наставниците да воведат паузи за движење, истовремено поддржувајќи го учењето и благосостојбата на учениците.
Опис за употреба на час
GoNoodle е серија видеа и активности базирани на интернет, кои се фокусираат на кратки изблици на физичка активност во училницата. За помлади ученици кои имаат потреба да потрошат енергија за да се сконцентрираат на учење, ова е едноставно и ефективно решение.
Видеата траат од 1 минута па до 10+ минути. Наставниците избираат игра која потоа ги води учениците низ вовед, загревање и самата активност. Во контролниот панел се следи времетраењето, освоените поени и освоените медали — што претставува мотивирачки елемент и одличен начин наставниците да го споделат резимето од активноста со учениците.
Возраст
Оваа алатка се користи од наставници и е соодветна за возраста на нашите ученици.
Резултати од учењето
Истражувањата за GoNoodle покажуваат позитивни резултати во учењето кај децата што ја користат платформата.
GoNoodle нуди стотици видеа со движење и свесност за учениците кои можат да се користат во училиште и дома.
Учениците ги активираат телата со забавни танц-видеа и јога, и учат вештини за свесност што им помагаат да ги контролираат емоциите.
Овие бесплатни интерактивни игри и видеа овозможуваат кратки моменти на движење што ја подобруваат концентрацијата и нивото на енергија за време на наставата — идеално за ученици кои имаат потреба да „исфрлат“ енергија за полесно да се сконцентрираат.
Оценки / Препораки
Наставниците имаат позитивни искуства со оваа алатка, опишувајќи ја како забавна и привлечна, особено за помладите ученици. Децата сакаат да пеат и танцуваат, а овие активности не се секогаш дел од типичниот училишен ден. Наставниците ја користат алатката на крајот на неделата, во последниот час, за да ги мотивираат учениците и да го најават викендот со возбуда. Ова би им дало на децата нешто што со нетрпение би го очекувале и би биле возбудени за време на викендот, а исто така би го искористиле и во првиот период од неделата за да ја извлечат вишокот на енергија на децата.
Пример за алатката како добра практика
GoNoodle е одличен начин за учениците да добијат краток изблик на физичка активност, што може да им помогне да останат фокусирани за време на долг наставен ден.
Благодарение на големиот избор на активности, наставниците можат да вклучат и видеа од YouTube, како Just Dance, во својата програма. Голем број видеа исто така комбинираат академски содржини со движење, што е интересен начин за освежување на наставата, особено за ученици кои не реагираат добро на традиционални методи.
Придобивките од физичката активност и релаксацијата врз учењето се добро документирани, а GoNoodle нуди забавен и интерактивен начин за наставниците да ги активираат учениците.
Kако оваа добра практика е инклузивна практика
Тимот на GoNoodle вели: Нашата алатка е достапна за сите деца, без разлика на нивната физичка способност!
Повеќето танц-движења во видеата можат лесно да се прилагодат за да можат сите ученици да учествуваат. За ученици со физичка попреченост, се препорачува да се пребаруваат видеа според категорија. Во менито “Активности и Рутини” може да се изберат видеа според тип на активност.
Особено интересни се “Freestyle” видеата — тие не се фокусирани на конкретни движења, туку на забавни песни и активности. Дури и ученик што може да направи неколку движења ќе ужива во видеата, без да се чувствува фрустрирано што не може да “се вклопи”.