Изабел чека дома да и дојдат соучениците на нејзината забава. Гледа на часовникот како минува времето. Мајка ѝ сфаќа дека соучениците нема да дојдат. Таа почнува да си игра со својата ќерка, а потоа ги дува свеќите на нејзината роденденска торта.

Изабел сега разбира дека понекогаш е тешко да те прифатат ако си поинаков. Таа, исто така разбира дека нејзината мајка е нејзината најдобра пријателка и секогаш ќе биде.

Не е важно какви се разликите за некој да ви биде пријател. Ако прифатите пријатели кои се различни, сите ќе бидат среќни на крајот.