Подоцна истиот ден, на тенискиот
тренинг, г-дин Петре, нејзиниот тренер,
забележува дека Џина е расеана. Тој се
грижи. Џина не игра толку добро како што
обично игра.
Г-дин Петре клечи пред Џина, држејќи го
девојчето за раце. „Што не е во ред,
Џина?“, нежно прашува тој. Џина се
двоуми, а потоа вели: „Некои деца
повторно ме исмеваат. Ме викаа ниска и
циганка.“
Господинот Петре ја гледа во очи: “Џина,
знаеш ли што ja прави одличната
тенисерка? “Џина одмавнува со главата.
„Тоа не е висината или расата“, вели
г-дин Петре. “Тоа е срце, решителност и
храброст. Го имаш сето тоа - никогаш не
заборавај го!“
Што мислите, што треба да направи г-дин
Петре?