Што ако децата не му помогнаа на Ерхан?
Ако сите беа нељубезни, Ерхан ќе останеше сам. Децата постојано ќе го задеваа, а тој немаше да стекне другарчиња. Со текот на времето, Ерхан ќе се чувствуваше уште по тажен и ќе престанеше да се обидува. Можеби дури и ќе го напуштеше училиштето затоа што се чувствуваше непожелен.
Секое дете заслужува да биде среќно и да има другарчиња. Другарството е богатство. Бидете љубезни со децата околу вас - тие би можеле да станат ваши најдобри другари за цел живот!